Месечен хороскоп за мај 2016

popara4 мај, 20161min00
13

Овен 

Колку и да мислите дека ви е потребен одмор по работниот период, за тоа ќе мора да почекате бидејќи и овој месец ќе ви биде полн со активности. Многу работни состаноци, контакти и кратки патувања ќе придонесат да се чувствувате исцрпено, но задоволно и исполнето. Повеќе ќе му се посветите на семејството, а крајот на месецот ви носи голема промена на емотивен план. Многу ќе излегувате и ќе имате убави средби со лица од спротивниот пол.

Бик

Положбата на планетите во куќата на личноста ќе придонесе за вашиот личен напредок и ангажман, но од друга страна тие може и да ве спречуваат. Не запаѓајте во замка на егото и не работете и не одлучувајте на своја рака, без консултација со другите. Во првиот дел од мај лесно ќе ги користите деловните можности што ќе ви се укажат, а тоа е и време за почеток на финансиска стабилизација. Одличен период за емотивна врска, но и за нови пријателства. Љубовта цвета.

Близнаци

На почетокот од мај Близнаците ќе имаат поголема соработка со колегите, и на тоа поле ги очекуваат големи пресврти. Повторно ќе можат да воспостават некои деловни контакти што одамна ги прекинале, но за жал некои комбинации од кои досега сте имале добар финансиски приход, ќе се прекинат. Овој месец ви носи поголема деловна комуникација, но и одредена доза на нервоза во односот со авторитетите. Намалете ги малку своите љубовни очекувања, особено ако сте во подолга емотивна врска.

Рак

Додека во почетокот од мај ќе бидете неактивни и ќе ги преиспитувате своите идеи како да ја унапредите својата кариера, втората половина од месецот е вистинско време за акција. Како резултат на прогресивниот Јупитер ќе почувствувате дека ситуацијата и можноста се вртат во ваша корист. Движењето на Меркур може да донесе и краткотрајни проблеми во соработката и во комуникацијата со колегите. Почнете сериозно да размислувате за заедница со саканото лице, вистинско време е да ја стабилизирате врската.

Лав

Добрата соработка со авторитетите, особено во втората половина од мај, на многу Лавови ќе им донесе долгоочекувани деловни можности. За вас мај значи голем напредок во кариерата, само важно е во последната недела да внимавате на понудата од деловниот партнер која може да изгледа како остварување на сонот, но добро размислете дали ќе можете да исполните сè што ќе се бара од вас. Ќе имате бурен социјален живот и позитивна атмосфера со саканото лице.

Девица

Во првиот дел од месецот ќе бидат фаворизирани Девиците што се пробиваат на деловната сцена, градат кариера, се занимаваат со производство или се медиумски и јавно експонирани, а вториот дел е резервиран за оние што се занимаваат со креативна работа, живеат од своите идеи и интуиција или работат во институции од затворен тип. Со присуството на Венера во Бик вашите приоритети ќе се свртат кон емотивниот живот и љубовта, а за оние што се во долга врска, ова е време за да донесат одлука за брак.

Вага

Во втората половина од мај ќе се чувствувате многу живо и активно бидејќи во борбата со проблемите, ќе се градите и унапредите себеси како личност. Преселбата на планетите од полето на криза  во астролошкото поле на експанзија, ширење на видикот и странство ќе ви биде најактивно во почетокот од мај, а ќе ви донесе проширување на постоечките деловни соработки, нова работа, напредок, можност да одите на долги деловни патувања. Ова е време за длабоки и искрени емотивни врски, конечно спојување на сонот и реалноста.

Скорпија

Деловните патувања во странство, дури и можноста да работите надвор од земјата, ќе ви се укажат во втората половина од мај. Бидејќи ова е голема можност за просперитет, проширување на знаењето и искуствата, треба да ги прифатите. Во почетокот од мај нагласено ви е полето на кариерата, додека во последната недела положбата на Јупитер ќе ви донесе извонредни можности за успех, а во исто време ќе морате да бидете поодлучни со оние што ве спречуваат во напредокот. На емотивен план многу динамично.

Стрелец

Многубројните активности на деловен план, успешната работа и вашето ангажирање во кариерата се неспорни но ќе ви задава главоболка. Ќе морате вешто да балансирате и да ги извршувате обврските за га го постигнете договореното. Во вториот дел од мај можете да очекувате помош од блиски луѓе, па така полесно ќе го поминете периодот. Многумина што се во долга врска ќе се одлучат за брак, а слободните ќе почекаат за вистински емоции сè до последната недела од месецот.

Јарец

Нагласеното поле на среќни околности, спорт, работа со деца, креативност и забава ќе ви донесе задоволство и убави можности во текот на целиот месец. Поради големиот тригон во земјените знаци, ќе ви биде значително олеснат секој потег за кој ќе се одлучите. Освен што ве следат среќни околности, сега се способни и да бидете темелни, па резултатите многу брзо ќе бидат видливи. Ова е период за паметење на емотивен план, затоа уживајте.

Водолија

Во некои пригоди моравте да се соочувате со надредените за вашите идеи и начини на работа, но тоа сега во мај ќе ви биде олеснето. Не само што ќе успеете да пронајдете заеднички јазик туку и во текот на месецот ќе имате огромна поддршка за некој проект за кој веќе подолго време размислувате. Искористете го месецот за подобра позиција. Добри емотивни односи, особено во првиот дел од мај, но веќе во вториот дел од месецот внимавајте на љубовна афера на работа.

Риби

Искористете го крајот на месецот и можноста за која копнеете. Ве очекува остварување на професионален, но и на финансиски план. Не се преиспитувајте за оваа можност бидејќи нема да имате многу време за одлучување. Положбата на планетите во деловно-партнерската куќа цел месец ќе го истакнува остварувањето на нова соработка, но и на надминување на пречките. Ова е вистински период за трансформација на постоечките врски. Сигурно ќе опстанат само оние што се стабилни и цврсти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *