Миење на интимните делови со сапун? Да или не?

popara18 јуни, 20161min00
13

Бидете претпазливи со сапунот или гелот за туширање, бидејќи pH вредноста на вашата вагина е некаде помеѓу 3,8 и 4,5, што значи дека природната средина на вагината е кисела. Ваквата природна средина ја штити вагината од многу бактерии.

Жените многу често се капат со обични сапуни и гелови за туширање “таму доле”. Тоа е голема грешка! Сапуните и геловите за тело имаат повисока pH вредност отколку вагината и затоа не се препорачливи за миење на вашата вагина. Потребно е само малку за слузокожата на вагината да се инфицира. Многу жени знаат од искуство дека инфекциите можат да бидат многу досадни, проследени со црвенило и чешање. Инфекциите, исто така, имаат тенденција да се повторуваат.

Сапуните и геловите наменети за интимните делови се приспособени да не ја уништат киселоста на вагината. Но бидете внимателни и со овие сапуни гелови. Ако ја миете вашата вагина премногу често можете, исто така, да ја нарушите нејзината природна средина и оние бактерии кои ја заштитуваат од инфекции. Многу доктори препорачуваат миење на вагината само со вода токму поради овие факти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag