Младата шминкерка Деми Врајт од Велика Британија(22) починала минатиот месец бидејќи докторите мислеле дека е бремена, а таа имала тумор кој бил речиси 13 сантиметри.
Деми во ноември минатата година почуствувала болки и отишла на доктор. Докторот според резултатите од хормоните помислил дека станува збор за бременост. Она што Деми имала е всушност моларна бременост, многу редок облик на тумор кој расте во нејзината утроба.
„Кај моларната бременост после оплодувањето во матката наместо нормален ембрион настанува патолошка маса. Во моларната бременост не постои плод кој расте, туку само наликува на плацента. Моларната брменост се однесува како и самата бременост, тестот е позитивен и постои неодерена маса во матката. Дури во 12-тата недела од бременоста на ултразвук може да се утврди дека станува збор за тумор“, објасни докторот.
Кога докторите сфатиле дека погрешиле, ја префрлиле на породилното одделение. За жал починала после три недели бидејќи и е дијагностициран редок облик на рак кој и се проширил низ целото тело.
Нејзиното семејство е очајно бидејќи ја изгубиле жената која ќе ја паметат како позитивна, нежна и грижлива.
„Кога дозна дека ракот и се проширил низ целото тело, ме гушна и ми кажа: Ќе биде се во ред. Следното утро почина“, кажа нејзиниот татко.