Митови за љубовта кои се целосна лага

popara13 март, 20161min00

Митовите се забавни, особено ако се екранизирани, но кога станува збор за љубовта може да се опасни и да не спречат да оствариме квалитетна врска.

Во прилог прочитајте кои митови се чиста лага, а сепак некои луѓе веруваат во нив.

Мит број 1: Принц на бел коњ навистина постои

Не постои. Наместо да го чекате совршениот, не е лошо да погледнете околу себе и да проверите дали постои некој во ваша близина кој не е совршен но сосема е добар за вас. Опасноста да го чекате совршениот лежи во тоа да останете сама.

Мит број 2: Маж е некој кој ќе те спаси

Наместо да чекате некој кој ќе го поправи она што во вашиот живот не чини, не е лошо сама да го направите тоа.

Мит број 3: Жабата може да стане принц покрај вистинската жена

Може, но само во бајка. Ако наидете на човек кој не сака да се врзе, немојте да верувате дека поради вас ќе се промени. Луѓето се менуваат кога ќе решат сами, а не кога некој друг ги тера.

Мит број 4: Постои една личност за секого

Колку и да звучи романтично, тоа е само мит. На светот постојат повеќе од 7 милијарди луѓе, што значи дека ако врската ви пропадне не е крај на светот.

Мит број 5: Хемијата е клучна за љубов

Секако дека е важно да има хемија, ама далеку од тоа дека е клучно. Смислата за хумор, карактерот и вашите заеднички интереси се многу поважни од чиста хемија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag