Здолништата речиси секогаш биле слабост на дамите. Во комбинација со убава фигура тие се претвораат во репер на сексапил, стил, или едноставно во модерен синоним на летото.
Убавата гардероба е симбол на апсолутна женственост. Веќе ви дадовме идеи за долги здолништа, затоа денес ќе говориме за нивните спротивности – мини здолништата.
Веќе втора година трендот е апсолутен хит. Неонските бои се свежи, забележливи, а во комбинација со убав летен тен стојат прекрасно! Згора на се, се комбинираат исклучително лесно. Обичен бел топ е доволен за да се постигне “wow” ефект.