Лекси Синклер се релаксирала на базен со својот мал син кога ѝ се приближила средовечна жена за да ѝ каже дека мажите не се чувствуваат пријатно кога гледаат мајка во бикини и дека би требало да носи едноделен костим за капење.
Иако постапката на жената ја изненадила Лекси, таа само се насмевнала и ѝ возвратила со инспиративен одговор.
Прочитајте го:
Денес го одведов мојот 4-месечен син на базен. Додека му ја ставав на Кристијан капата на глава, жена (на околу 55 години) ми се приближи и започна да разговара со мене за Кристијан. Ме праша за неговата возраст, колку е тежок, како е со спиењето итн.
Потоа продолжи да ми кажува дека на мажите во базенот би им било поудобно доколку носев едноделен костим за капење, затоа што бикините не биле соодветни за мајка, а особено не за мајка која „сè уште се опоравува“.
Сите кои ме познаваат, знаат дека имав што да ѝ плеснам на оваа луда, дрска жена. Но, наместо тоа, јас само се насмевнав, го бакнав син ми и ѝ реков: „Се гордеам со моето тело. За една години јас се поправив 22 килограми, а ослабев 17. Израснав човек во мене и родив прекрасно чудо. Моето тело го снабдуваше моето дете со храна. Така што, не, моето тело можеби не е најдобрата глетка за другите мажи. Моите стрии и насобраната кожа на стомакот можеби не се секси. Но, тие се доказ дека направив нешто неверојатно, и имам маж кој ме сака и за кој сега сум уште посекси и поубава. Да бидам искрена, воопшто не ми е гајле што мислат другите мажи или душегрижниците како тебе. Сепак, имајте убав ден“.