Една девојка на Редит се пожалила дека момчето не и дозволува да носи бикини, затоа што изгледала совршено.
-Момчето ме замоли оваа година на плажа да не се појавувам со бикини затоа што сум изгледала прекрасно и може да го привлечам вниманието на други момчиња. Но конечно имам прилика да почувствувам како е да се носат минијатурни бикини и да се чувствувам прекрасно во нив. Со пријателките ќе одиме една недела сами на одмор, а тој нема да дојде со нас. Се мислам дали да му ја исполнам желбата, вели таа.
Корисниците на социјалната мрежа и дадоа поддршка и ја советуваа слободно да си облече бикини и убаво да си помине на одмор.