Дејвид Хибит се разболел од канцер на тенкото црево, и по проценките на лекарите, имал само уште 18 месеци живот.
Овој 33-годишник од Стафордишир тврди дека на целосно чудесен начин го излекувало маслото од канабис, кое чини околу 50 фунти за грам кај локалните дилери.
-Пријателите ми рекоа за маслото од канабис и прво одбивав да го пробам. Никогаш не сакав дрога.
Сепак, се чуствував како хемотерапијата полека ме убива и како да немам што да изгубам. Не сакав да се помирам со тоа дека ќе умрам – рекол Дејвид.
После напорната хемотерапија и радиотерапија следела и операција на тенкото црево во март 2013 и се било безуспешно. Сепак, единствено што му помогнало е канабисот.
Дејвид, кога открил дека го излекувал ракот, ја оженил Хедер (26) девојката со која бил во врска шест години.
Британскиот завод за превенција од рак изјавил дека е свесен дека пациентите го употребуваат канабисот како лек, но и дека и понатаму не постојат цврсти докази за неговата ефикасност и безбедност.