На инает на дрогата, Лајза Минели наполни 70 години!

popara14 март, 20161min00

Лајза Минели денес наполни 70 години, соопшти ТАСС. Ќерката на Џуди Гарланд и режисерот Винсент Минели дебитира во филмот,  едвај тригодишна во филмот “Доброто старо лето”.

Потоа често настапува  со мајка си на театарска сцена и во телевизиски програми.

На 17 години добива ангажмани како танчерка и пејачка во Њујорк. Нејзината прва голема улога во мјузиклот “Со водечките  нога напред” и ја носи наградата “театарски свет”, а за улогата во мјузиклот “Флора – црвената катастрофа” ја  освои награда “Тони” во 1963 година.

Првиот студиски албум “Liza, Liza”го  снима во 1964 година и ја освои награда “Греми”. Меѓународна слава, награди “Оскар” и “Златен глобус” и ја  носи улогата на Сали во филмот “Кабаре”, кој излегол во 1972 година. Тој и овозможува на Лајза Минели да настапи целосно  со талентот на пејачка, танчерка и драмска  актерка. Други нејзини познати филмови се “Њујорк, Њујорк” и “Артур”. До денес Лајза Минели запишува  11 албуми, снимила    повеќе од 30 филмови. Ѕвездата нејзина на Булеварот на славните во Холивуд беше промовирана во 1996 година.

На церемонијата на доделувањето на Оскарите минатата година познатата пејачка и актерка Лајза Минели ги шокираше своите колеги кога  се појави очигледно дрогирана и како едвај  се држи на нозе. Навивачите на Минели беа шокирани од карактеристичните познати тикови на лицето од  кокаинска  интоксикација тикови на лицето, чудните  контракциии на усните, како и тресење на рацете.

 

Подоцна нејзиниот менаџер објави дека пејачката се наоѓа во еден од најпрестижните наркоцентри во Лос Анџелес “, за да решително се справи со проблемот”. Според признанието на самата Лајза таа почнала да употребува психотропни супстанции по смртта на мајка си – пејачката и актерка Џуди Гарлaнд во 1969 година За жал и таа беше позната по зависноста…

Нејзината мајка, Џуди Гарланд:

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag