Набрзо ќе започне нуклеарната војна, а воените експерти пресметаа дека на ова место ќе биде фрлена првата бомба

popara6 март, 20161min00
5

Новинарот на британски Independent, Петер Попхам, очигледно се држи до тезата дека историјата се повторува.

Во интересната статија ја изнел својата теорија за можната локација на следниот глобален судир.

Не станува збор за Блискиот исток, како што можеби помисливте, за Кашмир, или за Северна Кореја. Тој смета дека опасност од Трета светска војна се заканува во Јужното кинеско море, каде една растечка сила – Кина, и една која оди кон својот залез – САД, би можеле да го вкрстат оружјето. Американците имаа далеку најголем воен буџет во светот, па во многу аспекти на својата надворешна политика може да се сметаат за милитаристичка нација.

Sudar sile u usponu i sile u zalasku je neminovan, smatra britanski novinar (Foto: Profimedia)

Кина, сепак, е убедливо втора според потрошувачката на војската, па својот буџет од година во година значително го зголемува и се обидува да развие воена технологија која може да и парира на американската.

Пред речиси три седмици, американскиот уништувач со проектили “USS Curtis Wilbur” пловел на 12 наутички милји од островите во Јужното кинеско море, за кои Кина, Тајван и Виетнам тврдат дека се нивни, во рамките на операцијата со која се сака да се оневозможи ограничување на слободното пловење. Кина својот дел во Јужното кинеско море го смета за најголем, преку кој секоја година се одвива светска трговија поголема од 5 билиони долари.

Попхам смета дека тука двете држави влегуваат во таканаречена “Тукидидова замка”, наречена по атинскиот историчар и генерал кој во своето големо дело “Историјата на Пелопонеската војна” ја опишал војната меѓу Атина и Спарта, во која и самиот учествувал. Тукидид изнел теза според која една главните причини за војна бил растот на Атина, кој ја вознемирил Спарта – според него, поради тоа војна била неизбежна.

Сличен поредок и однос на силите светот видел и пред почетокот на Првата светска војна, кога Британското царство со недоверба и дури и со отворено непријателство гледало на растот на Германското царство. Попхам смета дека слична ситуација се повторува и денес, кога Американците со се поголема недоверба гледаат кон економскиот и воениот раст на Кина. Дека не станува збор само за претпоставки на еден новинар, сведочи и изјавата на кинескиот претседател Си Џинпинг во септември минатата година, кога во Сиетл ја коментирал можноста за “Тукидидова замка”.

“Кина сака да го продлабочи својот однос со САД по прашањето за развој на двете земји, како и за стратешките цели. Во светот не постои Тукидидова замка. Но, доколку големите сили константно ги повторуваат истите стратешки грешки, би можеле самите да си создадат таква замка”, рекол Џинпинг во Сиетил. Се надеваме дека до тоа никогаш нема дојде.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag