Со помош на оваа диета може да ослабете 5 до 6 килограми за 10 дена. Сепак, имајќи предвид дека се работи за исклучително рестриктивна диета, не би требало да се држи подолго од 14 дена.
Киселото млеко е исклучително корисна намирница којашто ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага за собирање и исфрлање на токсините од организмот и го поттикнува метаболизмот.
Додека држите диета со кисело млеко се препорачуваат следниве намирници: природно кисело млеко – 500 грама дневно, овошје – до 300 грама дневно (освен грозје, диња и лубеница поради големите количества на шеќер коишто ги содржат), месо – до 100 грама дневно (риба, пилешко и мисиркино – со отстранета кожичка и маснотии), зеленчук – до 300 грама дневно (зелена салата, кељ, зелка, рукола…).
Количеството на кисело млеко коешто ќе го употребите во поединечни рецепти зависи од вашите желби и вкус. Важно е да се внесе 500 грама кисело млеко дневно, а како ќе го распоредите тоа е веќе ваш избор.
Пример мени:
Желе од кисело млеко и малини, шолја зелен чај или шолја чист сок од портокал.
Шолја топол растителен чај, ладна супа направена од кисело млеко и краставица исечена на ситни тркала, 100 грама варено месо, салата од краставица, домат и зачини, кисело млеко по желба, чаша топла лимоната (без шеќер).
Домат со кисело млеко. Во киселото млеко додадете малку сенф, малку сол и во блендер кратко испасирајте.
Шолја топол растителен чај, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада (без шеќер).