Мбах Гото вели дека има доказ дека е роден во декември 1870 година, што го прави најстариот жив човек на светот.
Најдолговечниот човек во историјата веројатно е Индонезиецот кој за смрт се подготвува уште од 1992 година. Гото дури нарачал и надгробен споменик, но жив е и после 24 години.
Ги надживеал сите 10 браќа и сестри, четири сопруги и сите свои деца.
Иако веројатно многумина му завидуваат поради долговечноста, Гото вели дека смртта е се` што посакува сега. Во последниве три месеци други морале да го капат и хранат, а неговата здравствена состојба е влошена.
Неговите години ги потврдила и матичната служба на Индонезија во која се пронајдени документи дека Гото е роден 31 декември 1870 година.
Ако се утврди тоа како точно, Гото ќе биде впишан во книгите на рекорди како најдолговечен човек во историјата.
Гото, кој живее на островот Јава, го поминува времето слушајќи радио.
Запрашан за тајната на долговечноста, едноставно одговорил: „Рецептот е трпението“.