Најглупавата инвестиција на сите времиња: Добил 3 милиони долари на лотарија, а потоа и доживотен затвор!

popara24 август, 20161min00
3

Откако Рони Мјусик Џуниор минатата година освоил 3 милиони долари на Државната лотарија на Џорџија, одлучил сериозно да си ја испроба среќата и новостекнатите пари ги вложил во трговија со дрога.

Инвестицијата на Мјусик, наводно, започнала кога ги потрошил сите пари од добивката на купување дрога, а потоа ангажирал дилери за да ја препродаваат. Меѓутоа, неколку негови дилери во септември минатата година биле фатени во продажба и на властите им го откриле планот на Мјусик.

Полицијата потоа упаднала во неговата база, каде пронашла кристал мет во вредност од повеќе од милион долари, 600.000 долари во кеш, куп оружје и муниција.

Во соопштенито на обвинителстовото се вели: „Мјусик одлучил да ја испроба среќата трошејќи ги милионите од лотарија на кристал мет. Како последица на неговата неразумна инвестициона стратегија, Мјусик сега го чекаат децении во затвор.“