Меѓутоа, апсолутно никој на целиот свет нема ниту најмала надеж за тоа дека Перелман можеби ќе се појави во јавност, или пак дека можеби и на некаков начин би го прославил овој јубилеј, бидејќи овој човек живее буквално како пустиник.
Светот за прв пат слушна за него во 2003-та година, кога МИТ, Принстон, Колумбија и уште неколку универзитети го признаа неговото решение за Поинкареовата хипотеза, според која секој тродимензионален простор без дупки, поврзан и конечен, е всушност еквивалент на развлечена сфера, математичка загатка којашто 99 години им одолеваше на математичарите ширум светот за да ја решат. А тоа на крајот успеа да го направи токму Григориј, само што тој, наместо да ја земе наградата од милион долари, којашто во неговиот случај е апсолутно заслужена – тој ја одбил целата сума, сè до последниот цент…
– Благодарам, јас имам сè што ми е потребно! – им порачал Перелман.
Тој очигледно го пронашол патот до среќата, којшто апсолутно не зависи од парите.
Неговото образложение било дека за решението е заслужен и американскиот математичар Ричард Хамилтон и тоа подеднакво колку и него. Три години подоцна, во 2006-та година, тој одбил да се појави на доделувањето на Филдсовите Медали на Меѓународната математичка унија. Се работи за, ниту помалку, ниту повеќе, туку практично Нобелова награда за математичари.
Перелман, повторно на кратко, објаснил дека наградата ја одбил бидејќи не бил задоволен од однесувањето на светското здружение на математичари.
Овој човек живее за принципи, а не и за пари, и тој го отфрла комодитетот знаејќи дека постои нешто што е многу повредно од парите. Неговиот живот е и повеќе од скромен. Не е љубител на автомобилите и живее во стан заедно со еден свој пријател во Русија. И уште нешто помалку несекојдневно – тој ниту се потстрижува, ниту се бричи, не ги сече ноктите, а физички помалку потсетува на легендарниот Распутин.
Некои од митовите за него говорат дека тој живее всушност во станот на својата мајка во Санкт Петербург и дека буквално живее од нејзината пензија. А во еден момент руските медиуми се обидоа да го донесат во центарот на вниманието, како од него би направиле еден вид на светски позната личност, но тоа доведе за Перелман на некое време и апсолутно да се изолира, па некое време од него немаше буквално ниту трага, ниту глас.
Во тој период се негодуваше дека тој можеби побегнал во Шведска, но никој не успеал да му влезе во трага многу долг период, па на крајот сепак решиле да го остават на мира.
Во меѓувреме капитулираа и светските математичари и апсолутните генијалци, коишто во 2003-та и 2006-та година буквално со денови го наговорувале да ја прифати наградата од милион долари и математичкиот Нобел. И сето тоа било сосема залудно…
А последното што рускиот генијалец им го кажал на новинарите било:
– Знам како функционира Универзумот. Зошто тогаш би трчал да земам некакви милион долари, кажете ми!?
И ако размислиме малку подобро, тој веројатно ја знае смислата на животот многу подобро од сите нас…