Најновиот “iPhone” пристигнува во 2017 година

popara24 јуни, 20161min00
3

“Apple” го подготвува највозбудливиот “iPhone” до сега. Ваква информација пристигна до “Wall Street Journal”.

Се планира голема промена на дизајнот на паметниот телефон за 2017 година, на 10 годишнината од појавувањето на “iPhone”. Тие промени би можеле да вклучат и органска ЛЕД диода од едниот до другиот крај на телефонот и елиминирање на копчето “Home” со вградување на сензор за отпечатоци.

Овие карактеристики ги потврди и познатиот ИТ коментатор Џон Грубер, кој претходниот месец изјави дека “iPhone 8” ќе има “бескраен екран”, односно екран без ивици.

“Wall Street Journal” пишува дека овогодишниот модел не доживеа голема промена на дизајнот, затоа што потребно е време за да се имплементира нова технологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag