Најпознатите грешни митови за здравјето кои ни ги кажуваа нашите родители

popara25 август, 20161min00
10

Цел живот слушате различни здравствени совети и се придржувате до нив. Но колку вистина има во нив?

Кората на лебот е многу поздрава од средината

Вистина: Научниците открија дека за време на печењето во лебот се создава нов вид антиканцероген андиоксиданс, кој повеќе се содржи во кората отколку во средишниот дел. Најздрав е лебот од интегрално брашно и од интегрални житарки – со кора или без – бидејќи е побогат со хранливи материи од белиот леб.

Ако излезете со мокра коса сигурно ќе настинете

Вистина: Ќе ви биде постудено, но мократа коса не претставува закана за здравјето. Многу истражувања потврдуваат дека основни предизвикувачи на болести се вирусите и бактериите. Освен тоа, истражувачите велат дека чувството на студ не го слабее имунитетот.

Kонсумирањето риба ја зголемува интелигенцијата

Вистина: Кога станува збор за деца од 3 до 4 год., тоа е точно. Рибата, особено масната (лосос, туна, сардини) е богата со омега-3 масни киселини, вклучувајќи ја и ДХА (докосахексеноична киселина). ДХА е особено важна во првите две години за развој на мозокот, когнитивните способности и на видот. Истражувањата покажаа значителен напредок во зголемување на речникот и на когнитивните функции кај четиригодишни деца што секојдневно земале ДХА во форма на суплемент.

Преку главата се губат 75% од телесната топлина

Вистина: Овој процент е добиен врз основа на големината на главата на бебето, која во однос на телото е многу поголема од главата на возрасен човек. Затоа е важно главата на бебето да биде покриена кога студи. Кога станува збор за возрасните, се работи за 10% од телесната топлина. Освен тоа, топлината се губи кога е откриен кој било дел од телото, па носењето капа не е поважно од, на пример, носење ракавици или шал.

 

Едно јаболко дневно е доволно за одржување на здравјето

Вистина: Грст боровинки е уште подобра заштита од болести. Ова зрнесто овошје е вистинска хранлива бомба – богата со антиоксиданси и со растителни влакна. Со консумирање различни видови овошје и зеленчук може да се спречи појава на многу хронични заболувања, како што се срцеви болести и дијабетес.

Икањето прекинува кога ќе се исплашите

Вистина: Многу традиционални методи, како што се пиење вода и задржување на здивот – не се научно потврдени. Сепак еден трик може да помогне: Испијте лажичка кристален шеќер. Оваа тактика се покажала ефикасна кај 19 од 20 испитаници.

Еден час по јадење не смеете да пливате

Вистина: Слободно пливајте! Иако по јадењето крвта од мускулите се слева во желудникот, тоа нема да ве онеспособи за каква било физичка активност. Ќе бидете малку побавни, но тоа е се.

 

Голтнатата мастика долго се задржува во желудникот

Вистина: Нема причина за загриженост: течноста ќе ја пренесе низ дигестивниот систем и за ден-два ќе биде исфрлена од организмот. Иако не се разградува лесно, сепак не предизвикува болки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag