Најпроклетите хороскопски знаци

popara21 мај, 20161min00
22

Кои хороскопски знаци се најпроклети? Вистината е – сите! Зошто секој човек без разлика на кој знак припаѓа носи ужасен квалитет во себе – така наречени рогови! Предупредувам дека текстот треба да го читаат само луѓе со смисла за хумор и спремни да се соочат со вистината.

Овен – Импулсивен проклетник! Прво ќе те срамни со земја, после со ангелска физиономија ќе те праша дали си добро?!

Бик – Жесток проклетник! Од една страна се прави дека се е во ред, ти вика нема проблем, а од друга страна крои одмазда – бавно ќе те измачува и ќе те погоди во слабата точка, онаму каде најмногу боли.

Близнаци – Несериозен проклетник. Тој дури не сваќа дека се однесува како проклетник. Прави глупости, ги заборава за секунда, а после со зачудена фаца ќе те праша: Нешто лут си ми? Зошто?

Рак – Манипулативен проклетник. Како само ти си жртвата да му се сневиди? Како се тебе те напаѓаат без причина, а ти секогаш си крајно добронамерен? Нас не не купуваш со тие приказни!

Лав – Нарцисоиден проклетник. Да тој е на врвот, а сите останати се ништожни и местото им е под неговите нозе.

Девица – Одмаздољубив проклетник. Забораваш, ама не забораваш. И години да поминале, ти ќе си вратиш мило за драго, па макар и последно да ти е.

Вага – Подли проклетници. Ќе се предомисли во зависност како му одговара, манипулира без око да му трепне, ќе излаже без проблем. Плете интриги од кои секогаш излегува со чисти раце како воопшто да не учествувал, а тој ја создал.

Скорпија – Ти не си само проклетник. Ти си најголемиот проклетник во Зодијакот. Во твојата глава има илјадници твои правила и ако некој ги наруши, веднаш влегуваш во улогата на судија. Ако човек не ти игра по свирката, не може.

Стрелец – Скандалџиски проклетник. Не можеш да си ја држиш устата затворена, нели? Цело време пукаш со навреди, но тоа е со добра намера според тебе. Мора ти за се да искоментираш, мора да дигнеш скандал. Дури на бабата во автобус за да и стане јасно дека никој не е должен да и отстапи место.

Јарец – Ти си комбиниран проклетник – рамнодушност, студенило, егоизам и алчност заедно. Но најлошо е што го гледаш тоа и ги цениш овие особини како свои квалитети.

Водолија – Циничен проклетник. Ти си еден од најпроклетите знаци во Зодијакот. Спремен си да ставиш сопка и да наместиш некого, за да можеш после задоволно и со насмевка на лицето да му се подбиваш. Ако некој ти згрешил, тешко него, само толку ќе кажам.

Риби – Апатичен проклетник. Слушаш некој во ноќта како вришти и бара помош, стануваш полека, се наметнуваш со нешто, ќе си го покажеш внимателно носот и ќе си кажеш или е некој луд или пак не е твоја работа да се мешаш. Секој за себе, е твое мото. А кога ти треба помош, очекуваш сите да се тука? Е тоа така не оди!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma