По целиот скандал кој настана со убиството на српската пејачка Јелена Крсмановиќ, се огласи и најскандалозната пејачка во Србија, позната како жена без влакна на јазикот, Венди.
– Членовите на семејството Марјановиќ добиваат моќ од демони, православната вера не признава врачарење, не признава гатање и баење, не го признава ова. Јелена ја убија секташи, вели Венди Вукелиќ.
Пејачката тврди дека семејството се занимава и со магии, и дека сето тоа не го поддржува црквата.
Инаку, Венди додава дека според начинот на кој е убиена Јелена, се гледа дека не е обично убиство. Изживувањето врз неа и кога почнала да ги прима ударите и кога веќе била мртва кажуваат многу.
Таа беше брутално усмртена со 30 удари од метална палка.