Најстарата бодибилдерка на светот неодамна влезе во 9-та деценија, но таа и понатаму учествува на натпревари и маратони и има тело како 20-годишна девојка.
Ернестин Шепард е 80-годишна баба којашто е одличен пример за далеку помладата популација и чист доказ дека сè е возможно само ако доволно се работи на тоа.
Всушност, оваа баба е најстарата бодибилдерка на светот, и иако од неодамна е веќе влезена во 9-та деценија, таа и понатаму редовно се натпреварува и поседува тело како млада девојка.
Меѓутоа, најлудото нешто во врска со Ернестин е тоа што таа започнала да вежба дури на 56 години!
Како што вели самата таа, во текот на поголемиот дел од животот не била воопшто физички активна, бидејќи едноставно не сакала да вежба. Но потоа во друштво на нејзината сестра започнала да се занимава со физичка активност, за во 2010-та година да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстара бодибилдерка на светот.
Нејзиниот ден започнува со станување во 3 часот наутро, после што следи медитација, па трчање. Во 8 часот започнува нејзиниот тренинг, а најдоцна легнува во 22 часот. Готвењето е задача за нејзиниот сопруг Колин, со којшто таа е во брак 60 години. А на нејзиното мени најчесто има ориз, пилешко, костени, овес и јајца, а неизоставни се и големите количества на вода.
Дневно таа внесува само 1.700 калории и тврди дека никогаш не употребувала никакви суплементи.
Ернестин апелира за луѓето да започнат со вежбање колку и да се стари, а со оглед на тоа како изгледа таа, дефинитивно треба да ја послушате!