Доколку користите Gmail, Yahoo, Hotmail или Mail.ru за испраќање мејлови, треба веднаш да ја промените својата лозинка. Ројтерс пишува дека руски хакери украле повеќе од 273 милиони лозинки и ги продаваат на интернет.
До ова откритие дошла фирмата Holden Security од САД која се занимава со безбедност на интернет.
Од компанијата велат дека украдени се 53 милиони Mail.ru сметки, 40 милиони Yahoo, 33 милиони Hotmail и 24 милиони Gmail сметки.
Иако дури покасно ќе може да се провери дали дојавата е точна (фирмите како што се Holden Security имаат корист од предизвикување паника поврзана за безбедноста на интернет), нема сомнеж дека треба повремено да ги менувате лозинките.