Посетете продавница за здрава храна, набавете неколку потребни состојки и направете бомба за вашиот организам.
Имено, напивката која се подготвува многу лесно ќе ви донесе појак имунитет но и ќе ви помогне да го намалите стомакот, поточно надуеноста на стомакот.
Потребни ви се:
– 1 лажица изрендан корен ѓумбир
– 1/2 лажица куркума
– 2 стапчиња цимет
– 1/2 лимон
– 3-4 дл вода
Подготовка:
Исчистете го коренот ѓумбир и изрендајте го. Истото направете го и со куркумата, или користете во прав. Ставете ја водата да зоврие, а потоа додајте ги состојките и двете стапчиња цимет. Потоа исцедете го и лимонот.
Конзумирајте кога ќе се олади, а ако сакате да ја засладите напивката, направете го тоа со домашен мед.