Направете го овој тест и проверете дали навистина сте среќни!

popara19 март, 20161min00
27

Психолозите Мајкл Аргајл и Питер Хилс од универзитетот во Оксфорд составиле прашалник за откривање на нивото на среќа. Откако ќе го исполните прашалникот ќе добиете увид во своето моментално ниво на среќа.

Да го направите тестот треба да означите колку се согласувате или не се согласувате со секоја од изјавите според следните мерки:
 
1 – Воопшто не се согласувам.
2 – Средно не се согласувам.
3 – Малку не се согласувам.
4 – Малку се согласувам.
5 – Многу се согласувам.
 
Внимателно прочитајте ги изјавите, но не размислувајте предолго на секое од нив. Нема „точен“ или „погрешен“ одговор. Вистинскиот одговор е оној кој прв ќе Ви дојде на ум.
 
1. Не се чувствувам посебно задоволен/на со начинот на моето постоење. (р)
 
2. Интензивно се интересирам за останатите луѓе.
 
3. Мислам дека животот е многу праведен.
 
4. Имам многу позитивни чувства речиси кон сите.
 
5. Ретко се будам одморен/на. (р)
 
6. Не сум претерано оптимистичен/на во однос на иднината. (р)
 
7. Повеќето работи во мојот живот се забавни.
 
8. Секогаш сум подготвен/а да преземам обврска и да бидам активен/на.
 
9. Животот е убав.
 
10. Не мислам дека светот е добро место. (р)
 
11. Често се смеам.
 
12. Задоволен/на сум со сè во мојот живот.
 
13. Не мислам дека изгледам атрактивно. (р)
 
14. Постои празнина помеѓу она што сакам да го постигнам и она што досега сум го постигнал/а.
 
15. Многу сум среќен/на.
 
16. Наоѓам убавина во некои работи.
 
17. Секогаш сам/а влијаам на чувството на среќа во својата околина.
 
18. Можам да се вклопам во/да најдам време за сè што сакам.
 
19. Чувствувам дека не успевам да го контролирам својот живот. (р)
 
20. Се чувствувам способен/на да преземам што било.
 
21. Се чувствувам психички способен/на за сè.
 
22. Често доживувам радост и восхитување.
 
23. Не мислам дека е лесно да се донесуваат одлуки. (р)
 
24. Немам одредена смисла и цел во својот живот. (р)
 
25. Чувствувам дека имам многу енергија.
 
26. Обично имам добро влијание на случувањата.
 
27. Не се забавувам во друштво со други луѓе. (р)
 
28. Не се чувствувам посебно здрав/а. (р)
 
29. Немам посебно убави спомени од минатото. (р)
 
 
 
 
Соберете ги резултатите
 
Сега следува мало пресметување на Вашите оцени. Кај изјавите кои се означени со (р) сменете ја оцената; доколку сте си доделиле 1, сменете го во 6, 2 сменете го со 5, 3 со 4, 4 со 3, 5 со 2 и 6 со 1. 
 
Потоа, соберете ги оцените од сите 29 изјави и земете ги предвид променетите оцени. Поделете го резултатот со 29. Вашата среќа е еднаква на вкупниот резултат поделен со 29. Така, најнискиот можен број на бодови е 1, додека највисокиот е 6.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag