Основачот на групата Магазин, Тончи Хуљиќ открил дека ја создал оваа музичка група само за да го одбегне одењето во војска, и додал дека истата требало одамна да престане да постои.
– Ја креирав Магазин бидејќи ми беше единствената опција да ја одбегнам војската – додал Хуљиќ.
Инаку, групата е формирана во доцните 70-ти години и прво се викала Далматински магазин. Најголемиот успех го достигнува во 80-тите, кога вокал е Лилјана Николовска, а најголеми хитови им се “Пут путујем”, “Ти си жеља мог живота”, “Све би секе љубиле морнаре” и многу други.
Сегашен вокал е Андреа Шушњара, а пред неа дел од Магазин, освен Николовска, беа и Данијела Мартиновиќ, Јелена Розга и Ивана Ковач.