Најнапред, ти треба мат подлога. Доколку веќе имаш чист, светол тен, на пола пат си да изгледаш токму во согласност со овој стил на шминкање. Секако, ќе ти требаат производи со мат завршеток или употреби ги регуларните производи, а мат изгледот постигни го со пудерот во камен или со фиксатор кој шминката ќе ја држи на своето место цел ден.
Понатака, веѓите. Денес е популарно веѓите да се подебели и потемни, а ако сакаш автентичен гранџ изглед на деведесеттите, веѓите би требало да се тенки, светли и невпечатливи. Значи, употреби посветол молив за веѓи или воопшто не ги ни „пипкај“ доколку нема потреба.
Главна асоцијација на овој стил на шмикање секако се потемните бои и затоа внимавај кога ја бираш бојата на карминот. Темно црвена, темно виолетова, темно браон, тегет, црна… И тој треба да е мат. Дава многу подобар впечаток.
На крај, шминкање на очите. Како и кај усните, одберете потемни сенки, но доколку не сакаш црна, замени ја со браон нијанси. Малку ајлајнер или црн молив за очи се задолжителни, како кај размачканата шминка.. Секако во граници на „нормалниот“ изглед. Не сакаш да изгледаш како да си преспала со шминка на лицето!