Наскоро „Пекол на Земјата“: Не чекаат војни и бегалски кризи уште полоши од денешниве!

popara12 август, 20161min00
5

Рекордните температури забележани овие години во земјите од Мароко до Саудиска Арабија би можеле да бидат само најава за „вистински пекол на земјата“ кој допрва доаѓа, предупредуваат експерти за климатологија.

Како што пишува Вашингтон пост, во децениите кои доаѓаат, Блискиот исток ќе биде погоден од екстремни температури и недостиг на вода кои ќе бидат речиси невозможни да се преживеат, како и останати последици од глобалното затоплување.

Ако тоа се случи, судирите и бегалските кризи ќе бидат многу потешки од оние на кои сме сведоци денес, рекол советникот на ОН за арапските земји Адел Абделатиф, кој со години го проучува влијанието на климатските промени на Блискиот исток.

До 2090 година во Персискиот залив ќе биде прежешко за живот.

Локалните влади веќе сега погласуваат задолжителни државни празници поради жештините. И покрај тоа, бројни вработени одат на работа бидејќи само таму имаат клима уреди. Во текот на денот улиците на главните градови се речиси празни, а поради жештините жителите со часови немаат струја.

Во магазинот Nature Climate Change неодамна е објавено дека Персискиот залив до крајот на векот би можел да остане пуст бидејќи компјутерските симулации откриле дека дневните температури би можеле да се искачуваат и до 77 степени Целзиусови.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag