НАТО: Реална опасност терористите да употребат оружје за масовно уништување

popara10 мај, 20161min00
10

Можноста терористичките групи да употребат оружје за масовно уништување претставува реална опасност која би имала катастрофални последици, констатираа во понеделникот учесниците на конференцијата на НАТО во словенечката престолнина Љубљана.

Претходно во понеделникот ирачките Курди соопштија дека единици на џихадистичката групација Исламска држава во борбите во Ирачки Курдистан против курдските борци „пешмерги“ употребиле гранати со хлор, при што настрадале неколку борци. Истовремено, според Патриотската унија на Курдистан, исламистите користеле гранати исполнети со хлор и во областа на селото Башир во покраината Киркук. Според курдските извори, неколку борци биле повредени, и кај нив е забележано тешко нарушување на дишењето.

Претходно седмицава ирачките медиуми објавија дека екстремната сунитска група Исламска држава, која веќе две години контролира големи области од Ирак, започнала со производство на проектили полни со хлор и друго хемиско оружје во лабораторијата на универзитетот во Мосул.

„Доаѓањето на тоа оружје во рацете на терористите е најлошото сценарио“, изјави на почетокот на дводневната конференција во Љубљана во организација на НАТО, заменикот генерален секретар Александер Вершбоу, предупредувајќи на терористичките закани и предизвици со коишто се соочува меѓународната заедница.

Последиците од евентуален терористички напад со оружје за масовно уништување би имале разорен ефект, како во економска, така и во психолошка смисла, дури и доколку таквиот напад би бил од помали размери, отколку на боиштата во Сирија и Ирак во земјите од каде што заминале, предупреди Вершбоу.

Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), Ахмет Узумчу, изјави дека оваа меѓународна организација сé повеќе се насочува во напорите како да се спречи „недржавните актери“ да дојдат до опасното хемиско оружје што би довело до хемиски тероризам. Покрај тоа, OPCW соработува со многу држави коишто имаат иста цел и ги проучуваат правните аспекти кои би можеле да помогнат во спречувањето на таквите напади, додаде.//извор:Макфакс

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag