
Дали според вашето мислење на Кели Брук навистина ѝ припаѓа оваа ласкава титула?
Британскиот модел Кели Брук неодамна беше прогласена за жена со совршено тело. И тој епитет ѝ го дадоа научниците лично. Е, сега, кога ги гледаме нејзините студиски фотографии, Кели изгледа сосема поразлично на нив, од оние фотографии на кои е сликана неочекувано.
Фотографите ја сликале во опуштено издание, со малку пудра и без друга шминка, а кога ќе ја видиме во такво издание слободно можеме да кажеме дека изгледот на Кели е далеку, далеку од онаа девојка која ја гледаме на фотографиите во медиумите и социјалните мрежи.


Ќе се сложите дека во нејзиниот случај, како и во повеќето други, Фотошопот е најдобриот пријател на нејзиниот изглед. Сепак, нема потреба до таа мера некој да се претставува во сосема поинакво светло од она како што навистина е… Се согласувате?

