Убавите веѓи отсекогаш биле ИН кога се бјути трендовите во прашање, а во последно време повторно се во прв план, посебно поради зголемената понуда на козметички производи и третмани за овој дел од лицето.
Убаво средените веѓи го заокружуваат изгледот на лицето и придонесуваат да изгледа поубаво. Од друга страна, погрешно или претерано третираните веѓи можат да го нарушат впечатокот и за најубавата девојка. Затоа бидете внимателни и земете ги во предвид следниве трикови кои многу ќе ви помогнат на патот до совршени веѓи.
Мајра Изабел од популарниот Јутјуб канал Mayratouchofglam знае апсолутно сè за веѓите и затоа нема причина да не ги пробате нејзините трикови за соршени веѓи. Мајра споделува 10 супер трикови со кои веѓите ќе ви изгледаат како да ги направил професионалец, со што ќе заштедите пари и ќе добиете совршено заокружен изглед.
Погледнете го видеото во продолжение и научете ги овие супер трикови кои многу ќе ви помогнат да изгледате поубаво и да се чувствувате поубаво!