Да дознаете дека саканата личност ве изневерила е ужасно…Целата доверба, се она што сте сметале дека го имате наеднаш исчезнува.
Многу дами ќе се обидат да простат и отпочеток да го изградат она што го имале и тоа некогаш е ок бидејќи сите врски и секое изневерување не е исто, плус секој реагира и се носи со различни ситуации на различен начин.
Но овој пат ќе се занимаваме со причините поради кои не треба да му простите на партнерот.
Секогаш ќе се грижите да не го повтори делото
Не е лесно веќе да му верувате. Кога нема да е со вас ќе се прашувате каде е и што прави. А врска во која постојано сте на игли не е добра за вас.
Да му простите е полесен избор
Иако на прв поглед изгледа дека да се смирите и да му простите е потешко бидејќи се борите за врската, во основа тоа е полесната опција. Не е лесно да се прекине врската но многу е потешко да ја напуштите лажната сигурност која таа врска ви ја нуди, и да тргнете понатаму сама.
Нештата можат да одат само на полошо
Ако се смирите можно е само да ја продолжите болката која оваа врска ви ја задава. Верувајте ќе имате повеќе кавги, недоверба и обвинувања…навистина ли го сакате тоа?
Го ризикувате вашето здравје
Ако ве изневерил еднаш или повеќе пати, ви се зголемуваат шансите да добиете некоја полово пренослива болест.
Тој не ве почитува
Ако ве почитувал не би ве изневерил!
Можете да најдете некој кој е многу подобар од него
Заслужувате да бидете со човек на кој ќе можете да му верувате со целото свое срце и кој никогаш не би ни помислил да ве изневери.
Изневерувањето е само симптом, а не болест
Ако ве изневерил, тогаш или нешто не е во ред со него или нешто не чини во вашата врска. Ако некој сака одредена личност тогаш тој не ја изневерува и не предизвикува болка. Тоа едноставно не се прави кога сакате некого.
Ако се најдете во обратна ситуација, што мислите дали тој би ви простил?
Луѓето кои најчесто изневеруваат постојано се плашат да не бидат изневерени од партнерот. Тоа е тој двоен стандард кој не треба да го трпите.
Ќе ја изгубите самодовербата
Ако прифатите да бидете во врска со човекот кој ве изневерил, тогаш губите дел од вашата самодоверба.
Врската никогаш повеќе нема да биде иста
Скршена чаша колку и да ја лепите, се познава дека е скршена. Истото е со довербата, ако ја изгубите еднаш никогаш во целост нема да ја вратите. Затоа размислете дали ви е потребна таква врска во животот…