Клои Севињ се појави во Лос Анџелес на премиерата на филмот „ Antibirth “ и ги воодушеви сите со нејзината впечатлива комбинација.
Русокосата актерка на премиерата носеше парчиња од модниот бренд „Gucci“, а она со кое што најмногу го привлече вниманието се нејзините стејтмент сандали со високи потпетици во светло сина боја со златни ременчиња и розови усни.
Клои која е една од нашите омилени актерки, овие сандали од познатата италијанска модна куќа ги носеше во комбинација со мала чанта со две лица и двобоен фустан со потписот на истиот бренд. Фустанот е со тесно црвено здолниште и горен дел во црна боја зачинет со бела тантела на ракавите и вратот, како и со бисерна огрлица поставена во неколку реда.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Клои? А нејзините сандали?