Неверојатна реткост: Родила идентична тројка, а ќе ве воодушеви како ги разликува

popara8 јуни, 20161min00
01

Беки Ален, 23-годишна мајка од Ливерпул, на свет донела идентична тројка за што веројатноста е 1:200 милиони – синовите Роко, Роман и Рохан.

Самата информација дека Беки носи тројка била голем шок за неа, а откако дошол и резултатот од ДНК тестот и потврдил дека се работи за идентични момчиња, на нејзината среќа и немало крај. И покрај тоа што сите шпекулирале дека децата се зачнати со вештачко оплодување, Беки тврди дека се било природно и токму затоа шансата такво нешто да се случи е еден спрема 200 милиони.

Сепак, новопечената мајка тврди дека нема проблем да ги разликува, иако се исти.

– Кога беа новороденчиња, беше тешко, но никогаш не ги помешав. Сите имаат младеж кај веѓите и додека на Роман е малку потемен од останатите, Рохан има еден и на ногата, па така ги помнам. Лекарите останаа зачудени кога видоа дека се идентични и ми кажаа за неверојатната шанса тоа да се случи, вели Беки.

Таа се породила со царски рез, а пред тројката на свет ја донела ќерката Индијана.

– Рохан е најгласен, постојано нешто вика. Роко од друга страна е опуштен, но знае да се забавува, додека Роман е себичен и не сака да дели. Секогаш одат на истите играчки и се обидуваат да дојдат до нив пред своите браќа. Индијана ги обожава и воопшто не е љубоморна, иако мислам дека ќе и биде тешко растење со тројца браќа, рекла таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag