22-годишната девојка Гема Вокер цели седум години се борела со нарушување во исхраната и била на работ на смртта, но конечно успеа да извојува победа.
Анорексичната Гема се спасила од сигурна смрт и сподели фотографии од својата трансформација за да ги инспирира и да им помогне на оние кои се соочуваат со истата ситуација.
На Вокер ѝ била поставена дијагноза анорексија и булимија кога имала само 14 години. Нејзината состојба била предизвикана од екстремни диети, бидејќи сакала да изгледа како другите девојки во училиштето. Два месеци по започнувањето на диетата, таа тежела само 29 килограми и докторите ја предупредувале дека ако не започне со терапиja, нејзиниот живот може да згасне во секој миг. Тие ѝ прогнозирале уште 48 часа живот.
Во изминатите седум години, таа три пати била примена на лекување во болница. Понекогаш дури и се самоповредувала, за да се справи со болката.
Откако решила да започне со подобрувањето на својата здравствена состојба, Гема имала проблеми со неконтролирано јадење. Таа за 20 минути консумирала по 6.000 калории, што доведувало до онесвестување и халуцинации.
„Моето заздравување беше многу трауматично. Тежината брзо ми се зголеми. За помалку од седум месеци се здебелив 40 килограми. Ја покачив тежината, но ментално бев во лоша состојба“ – вели Вокер.
„Тешко ми е да ги гледам старите фотографии, не заради тоа како изгледав, туку поради тоа како се чувствував. Кога гледам во секоја фотографија, се сеќавам точно како се чувствував. Се чувствував глупаво, деновите поминуваа и секој ден посакував да починам мирно додека спијам“ – изјавила таа.
„Тие беа најтешките и најзастрашувачките години од нашите животи. Ја проверувавме секое утро за да видиме дали сè уште дише, да видиме дали нејзиното слабо срце сè уште чука“ – рекол нејзиниот татко.
Гема сега може да се пофали дека веќе шест месеци е во добра здравствена состојба.