
Неврството е речиси невозможно во врска во која е се во ред. Тешко е да го оправдаме тој што изневерил, но одговорност има и другиот.
Неверството последниве неколку години е многу честа причина за развод. И додека многумина мислат дека кај нив е се во ред, дека тоа им се случива само на другите, па со сласт ги прераскажуваат приказните за неверствата на своите пријатели, соседи, роднини и познаници, одненадеж откриваат дека нивниот партнер нив веќе наголемо ги изневерува и дека сите го знаат тоа. Освен вие.
Нема неверсто во врска во која се е во ред
Обично сопругот и сопругата последни дознаваат дека нивниот партнер ги изневерува. Таа, можеби и навистина верувала дека во нејзиниот брак нема проблеми, но поверојатно е дека не сакала да види и да признае дека нешто не е в ред. Неверството е речиси невозможно во врска во која се е во ред. Иако тешко можеме да го оправдаме оној што изневерил, сепак дел од одговорноста мора да превземе и другиот.

Обичен флерт или силна емотивна врска
Односите помеѓу партнерите, било да се тие во љубовна врска или брак, се драстично променети. Меѓудругото, како најекспониран тренд се појавува наверство кое, од обичен флерт или разговор, многу често прераснува во зависност и дури силна емотивна врска. Причини се самоактуелизацијата, недостиг на самодоверба, недостиг на љубов и внимание. Откриеното неверство е многу болно. Кога станува збор за неверство кое прераснува во емотивна врска, најчесто се јавува пекин на претходната врска и ваквите неверства се причина за развод.
Маневри меѓу жената и љубовницата
Повеќето неверства поминуваат незабележани и недокажани. Повеќето луѓе имаат потреба да веруваат во тоа што партнерот им го зборува и честопати се трудат да не им го видат нивното неверство бидејќи вистината би им била многу болна. Тоа објаснува зошто сопругот или сопругата последни дознаваат.
Некои од можните знаци
Ако партнерот нагло стане внимателен и ви купува подароци, тоа значи дека го гризе совест затоа што има љубовница. Раздразлив е и постојано бара причина за кавга. Кога некого го пече совеста, било машко или женско, несвесно ќе ја искористи секоја можна шанса да го обвини партнерот. Постојано е исцрпен. Го вознемируваат обични прашања и ве обвинува дека го испитувате.

Што ако сомнежот не бил оправдан и што ако бил?
Ако се сомневате дека партнерот ве изневерува, немојте ништо да преземете додека не најдете цврсти докази. Оној кој изневерува никогаш нема да го признае неверството, освен кога е соочен со непобитни докази, а можеби ни тогаш. Во поголемиот број случаи, неверството се открива сосема случајно.