Нобеловец изјави: Добивате рак бидејќи консумирате месо и млеко?

popara6 септември, 20161min00
14

Германскиот научник и добитник на Нобелова награда од областа на филозофијата, Харалд зур Хаузен, предупреди дека еден вирус кој е слабо проучен, а кој се наоѓа кај кравите, може да предизвика рак кај луѓето.

– Сметам дека домашните животни може да бидат директни предизвикувачи на рак на дебелото црево кај луѓето. Располагаме со експериментални податоци кои ни одат во прилог на оваа хипотеза. Сепак, ова треба до прва да се потврди, истакна Харалд.

И други научници претходно предупредуваа дека употребата на црвеното месо (говедско, телешко, коњско, овчко и свинско) го зголемува ризикот од добивање на рак. Но, Харалд тврди дека опасноста доаѓа само од говедското месо, но и од кравјото млеко.

Традиционалното објаснување поврзано е со припрема на месото за јадење на скара, а оттаму се изведени и тврдењата дека тоа доведува до формирање на канцероген материјал.

– Сепак ова не е случај при пржење на риба или пилешко месо, нагласува научникот.

Тој открива дека во своите истражувања особено обрнал внимание на фактот дека во Монголија се јаде многу црвено месо, а дека ракот на дебелото црево се среќава многу поретко, како што е случај и во Индија, каде што говедското месо од верски причини никогаш не се консумира. Харалд исто така укажува и дека бројката на заболувања од рак наеднаш се зголемила по Втората светска војна. Тој е уверен дека е тоа најдиректно поврзано со тоа што во тие земји станал популарен увозот на говедско месо.

Во последниот број на Меѓународниот магазин за рак, научникот изјавил дека проучувал примери на крв и млеко од крава и дека во нив открил елементи на ДНК кои припаѓаат на непознат вирус, кој би можело да биде причина за рак.

Погледнете кратко видео од неговото излагање:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag