Вељко Ражнатовиќ и Маша Терзиќ кренаа медиумска прашина во последните неколку месеци по нивното раскинување.
Но синот на Цеца за многу кратко време најде утеха во прегратките на Софија Аврамовиќ.
Судејќи по друштвените мрежи Вељко можеби навистина продолжил понатаму, но по се изгледа дека Софија решила да излезе во јавност и да ја покаже ново печената врска со него, и да докаже дека тој е само нејзин.
Со широки насмевки на лицата, двојката одлучи да им покаже на сите дека тие се среќно заљубени и дека уживаат.