Сигурно знаете која е Крис Џенер, кралица на семејството Кардашијан и според нејзиниот изглед, таа е вистинска бизнис жена…
Искористувајќи ги своите вештини, мајката Кардашијан го прошири своето портфолио на недвижнини со уште еден луксузен простор. Таа си купи една луксузна вила со четири соби за спиење и четири луксузни купатила, во Калабасас, кој се смета како главен град на оваа територија. За својата нова вила, таа потрошила 2.285 милиони долари и тоа не е единственото нешто кое таа го купи овие денови.
Инаку, главниот дом на Крис Џенер се наоѓа во Hiden Hils. Истиот Крис го има купено во 2010 година по цена од 4 милиони евра. Една од последните недвижнини кои таа ги има купено е нејзиниот стан во Вествуд, покрај станот кој го има купено во Вишир за 1.3 милиони долари. Во суштина, Крис каде и да оди , не мора да размислува за изнајмување на хотелска соба. ( иако и тоа за неа не претставува проблем).