Објавена снимка: Затвореници бегаат од затвор со хеликоптер!

popara18 март, 20161min00
Објавена снимка: Затвореници бегаат од затвор со хеликоптер!

За прв пат објавена е снимка од бегството на двајца затвореници од затворот Сент Џером во Квебек, и тоа со хеликоптер.

На снимката се гледаат Бенџамин Худон-Барбеау и Дени Провенсал кои 2013 години беа на насловните на светските медиуми поради спектакуларното бегство. Имено, нивните помагачи киднапирале хеликоптер и го присилиле пилотот да лета над затворот.

Може да се види како затворениците со потешкотии се качуваат на јаже како би дошле до хеликоптерот.

Четворицата мажи потоа го присилиле пилотот да го спушти хеликоптерот, а тие своето бегство го продолжиле со автомобил. Пилотот е пронајден неповреден.

Меѓутоа, Худон-Бербеау, Провенсал и нивните помагачи се фатени по само неколку часа бегство.

https://www.youtube.com/watch?v=4yhye9ChbBo