Објавени се снимки од домот на Мајкл Џексон, полн со играчки и порнографија!

popara1 јули, 20161min00
10
Во медиумите денес е објавено видео од домот на Мајкл Џексон, кој настанал за време на полицискиот претрес во 2003 година, при кој полицијата пронашла голема колекција на порнографска содржина, вклучувајќи и таква со малолетни деца.

Во претресот учествувале 70 припадници од Окружното обвинителство во Санта Барбара и од Окружниот шериф, кои ја откриле неговата порнографија и фотографиите на голи тинејџери.


На снимката се гледаат делови од ранчот „Недојдија“ на Џексон, а речиси сите соби се преполни со играчки, кукли од суперхерои во природна големина.

Откриена е и тајна просторија, сокриена зад плакарот во спалната соба на кралот на попот, во која истражувачите пронаште порнографски фотографии, видео игри, плишани играчки, како и разни сувенири како фотографија од актерот Меколи Калкин (кој го глумеше Кевин во филмот ’Сам дома’“, на која, со потпис, напишал: „Не оставај ме сам во оваа куќа“.

Сите овие предмети се наведени во судските документи кои настанале откако едно момче изнело обвинувања дека пејачот сексуално го злоупотребувал во неколку наврати.

Во полицискиот извештај се наведува дека само во спалната соба на Џексон и во тоалетот се пронајдени најмалку седум колекции фотографии на кои се гледаат момчиња на тинејџерска возраст, а некои дури и помлади, кои се целосно или делумно голи.


Тогаш бил издаден налог за негово апсење, а тој подоцна доброволно се предал во полиција.

https://www.youtube.com/watch?v=2quTale5-vo

Порталот Radar Online дошол до посед на овие полициски извештаи и судски документи, а истражувачот кој работел на случајот рекол:

„Овие документи го разоткрија Џексон како манипулативен предатор опседнат со дрога и секс, кој користел ужасни сексуално експлицитни фотографии од жртвување на животни и перверзни сексуални содржини за да ги потчинува децата на неговата волја. Имал и одвратни, и во најмала рака, шокантни слики од мачење на деца, голотија и садомазохизам.


Детективите верувале дека пејачот го користел овој ужасен материјал за да намамува млади момчиња.

За Radar Online зборувал и Рон Зонен, помошник на окружниот обвинител, кој бил во тимот кој се соочил со Џексон на суд. „Идентифкувавме пет различни момчиња кои го обвинија за сексуално злоставување. Јас не се сомневам дека Мајкл е виновен за злоупотребување на деца.“

Семејството на Џексон го осудило објавувањето на документите од 2003 година.


Мајкл Џексон во 2005 година беше ослободен од обвинението по седум точки за злоупотребување и две точки за давање на опојни средства на малолетник.

Кралот на попот беше пронајден мртов во својот дом во 2009 година.