Од машки агол: 6 показатели дека сте сексуално непривлечни!

popara6 јули, 20161min00
12
Еве неколку “симптоми” за коишто многу жени веруваат дека претставуваат крај на животот на секоја жена, односно дека дошол денот кога една жена повеќе не е привлечна за ниту еден маж на планетата. Но дали е тоа навистина така?

Сите ние знаеме дека жените на овој свет постојат поради две причини – да бидат убави и никогаш да не ги преиспитуваат одлуките на своите мажи кога тие ќе минат цела ноќ со непознато друштво, на непознато место, а притоа да се вратат со празен паричник и кошула којашто изобилува со непознати женски парфеми.

Токму поради тоа најголема животна пресвртница во животот на една жена не е ниту завршувањето на факултетот, ниту пронаоѓањето на добра професија, ниту пак заштедата, ниту стапувањето во брак, ниту пак раѓањето на дете, туку точниот ден кога ќе престанат да бидат сексуално посакувани.

А еве и неколку “симптоми” за коишто се чини дека претставуваат почеток на крајот на животот на секоја жена, односно дека дошол денот “Д” кога секоја жена повеќе не е привлечна за ниту еден маж на планетата.

1. Имате седи влакна

И додека мажите со седа коса, со самото тоа добиваат и “шмек”, жената едноставно станува непосакувана. За некои нешта важи дека се подобри кога ги изведуваат искусни жени, но тоа ниту случајно нема врска со сексот. Исто така постои и претпоставка дека, колку што е жената постара, толку подобро знае што ѝ годи, а знаеме дека тоа не го сака ниту еден маж.

2. Имате брчки околу очите и на челото

Прво нешто – брчките се појавуваат како резултат на годините, но и поради прекумерно размислување и грижи – особено оние на челото. Значи, првата брчка за вас претставува знак дека може да заборавите на сексот. Сите знаеме дека вистинските мажи сакаат лелеави убавици коишто живеат со максимална енергија. А тешките нешта им ги препуштаат на оние коишто тоа го прават на најдобар начин – мажите!

3. Имате деца

Сите знаеме дека една жена којашто родила после тоа искуство е целосно “неупотреблива” во сексуален поглед. Што би кажале “мудрите” мажи, “секс со една жена којашто родила остава ист впечаток како и фрлање на колбас во тунел”. А ако детето сепак не минало низ вагината, и сте имале царски рез, тогаш не радувајте се премногу рано – таа лузна засекогаш ќе остане помеѓу вас и било кој друг маж со малку здрав разум.

4. Престанавте да пиете

Знаеме дека поголемиот дел сексуалниот живот кај секоја жена се сведува на донесување на ужасни одлуки коишто се во поприлична мера одобрени од страна на алкохолот. Значи, ако сте ја надминале таа животна фаза кога викендите не се сведуваат на пијанки, тогаш дефинитивно не сте од интерес за мажите.

5. Имате дури три килограми одвишок

Ова е едно од најлошите нешта коишто може да ѝ се случат на една жена. Со ова нешто мора да бидете исклучително внимателни. Посвете внимание дури и на прошетките по дождот – така намокрени, со натежната облека, со сигурност ниту еден маж нема да го наведете на тоа да ве одведе во кревет.

6. Имате самодоверба

Единствено нешто коешто е полошо од вишокот на трите килограми е вишокот на самодоверба. Запомнете го ова добро – мажите се ловци. Тие сакаат да издвојат “несигурна жртва” од стадото и да ја присвојат. Тие сакаат неискусно “младенче”, бидејќи е добро познато дека во сексот никако не смеат да се најдат две единки коишто знаат што прават. Едниот (мажот) води, а неискусната жртва (жената) е тука за да научи што значи зборот уживање.

Важна порака: Ако на момент помисливте дека воочувате траги од сарказам, сосема сте во право! Сите ние всушност добро знаеме дека не постои таков ден кога една жена станува непосакувана и непривлечна!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag