Сите сме сретнале барем неколку фотографии од типот пред и потоа на интернет. Оваа девојка објанси како се прави тоа за само 15 минути.
“Видете ја мојата трансформација. Ми требаа само 15 минути. Сакате да ја знаете мојата тајна? Прво ја извадив футролата на телефонот, затоа што на ништо не личи, го сменив долниот дел од црвени во црни (затоа што се еден број поголеми и затоа што црното те слабее), намачкав малку лажен тен, ставив екстензии за коса, се кренав малку на прсти, го собрав стомакот, ја ставив раката на колк, застанав малку расчекорено, ги исправив рамениците наназад и малку се поднасмеав како да сум горда на себе. На првата слика зумирав, на втората немам зум и додадов некој филтер. Затоа што филтрите прават се да изгледа одлично.”