
Експерти од областа на медицината, психологијата, природната и музичка терапија тврдат дека со заеднички сили успеале да снимат филм кој ќе ве опушти и барем за кратко ќе ги намали негативните последици од стресот.
Гледачите кои учествувале во експериментот тврдат дека посебно избраните кадри, во комбинација со музиката и природните звуци, имаат неверојатен ефект.
Експертите потврдиле дека постојат големи разлики во тоа како се чувствуваме кога се движиме по вода, ќе го видиме сонцето или кога трчаме по улиците на градот. Еден од главните совети бил како луѓето би требало да се чувствуваат сигурно. Важно е да се постигне темпо приближно на темпото на отчукувањата на срцето, а потоа полека да го намалуваме.
Кога го снимиле филмот, го покажале на група вработени луѓе. Во текот на филмот ги набљудувале нивните реакции и отчукувањата на срцето. За 7 минути, колку што трае филмот, пулсот на вработените се намалил за 10 отсто, а на некои и за 25 отсто. Гледачите изјавиле дека добиле чувство на внатрешен мир и дека филмот им бил пријатно искуство.
Филмот е снимен во Данска. Погледнете го видеото и уживајте во смирувачкиот ефект.