Ако единствено наутро имате неколку минути вишок, наместо да го одложувате будењето, станете и растегнете се. Дури и ако сте во брзање, постои начин да го одработите дневниот тренинг.
Можеби со послаб интензитет и пократко времетраење, но сепак ќе се исплати.
Секоја од овие вежби ќе ви одземе помалку од 5 минути, а ќе ве доведе чекор поблиску до посакуваната линија.
Енергетска јога
Оваа брза и суптилна јога вежба ќе ви помогне да ги отворите градите и да го исправите грбот. Седнете на тврда површина, поставете ги нозете во стартната јога позиција и затворете ги очите. Дишете и издишете неколку пати и добро истегнете го грбот. Почувствувајте како крвта ви струи низ телото и подгответе се за претстојниот ден.
Затегнете го задникот додека ги миете забите
Не морате да стоите додека ги миете забите, туку тоа време искористете го за кратка вежба. Застанете со расчекор и спуштајте се до каде можете. И така секое утро…
Вежби за абдомен
Легнете на под и свиткајте ги нозете во вис. Повлечете го едното колено кон градите и истегнете се со главата кон него. Повторете ја постапката со другото колено. Ова можете да го правите и во кревет, додека се расонувате.