61-от тон сребро извадени од карго брод од 1941 година вреди милиони
Пронајденото сребро било осигурано на 1,3 милиони долари во 1941, а денес вреди околу 75 милиони долари
Океанска истражувачка компанија пронашла 553.338 килограми сребро во потонат брод на 482 километри од брегот на Галвеј, Ирска – најтешката сума на скапоцен метал пронајдена во бродолом некогаш.
Во Февруари 1941, 125-метарскиот британски карго брод со челичен труп, С.С. Герсопа, носел залихи на чај, железо и сребро, и се справувал со бура кога бил погоден од нацистичко торпедо. Бродот потонал за дваесет минути, а само еден човек преживеал.
Во тоа време, среброто што завршило на дното на океанот било осигурано на 1,3 милиони долари. Денес тоа вреди околу 75 милиони долари.
Среброто било пронајдено од компанијата „Одисеј морско истражување“, која користела далечински управувано возило за да стигне до бродоломот. Возилото се спуштило околу 4,8 километри и истражувало неколку соби во бродот додека не го пронашле среброто на две локации.
Марк Гордон, претседател на „Одисеј морско истражување“, кажа дека процесот на пронаоѓање на среброто на таа длабочина бил комплексен и тежок.
„Прилично е неверојатно да се помисли дека, најнапред, тоа може воопшто да функционира на тие длабочини, а потоа и да може да се користат разни пили и алати да се влезе внатре и да се проучува местото, навистина е вчудувачка помислата што се постигнаа нашите технички тимови,“ кажа тој.