Кристијано Роналдо на својата луксузна јахта на забава ја поканил секси бринетата околу која се „врткал“ цело време. Британски „Mirror” откри дека станува збор за секси Колумбијката Паула Суарез.
31 – годишниот фудбалер Кристијано Роналдо ја запознал 10 години помладата атрактивна Колумбијка Паула Суарез во ноќен клуб на Ибица, а потоа ја поканил на дружба на својата луксузна јахта.
„Сакаше да се забавува со неа, тоа беше само за една ноќ“, рекол извор близок до фудбалерот за португалскиот весник „Correio de Manha“.
Откако ја прекина долгогодишната врска со руската манекенка Ирина Шајк минатата година, Роналдо имаше неколку кратки авантури и често го поврзуваа со многу познати манекенки.
Паула Суарез (21) се занимава со манекенство, а активна е и во добротворната работа за благосостојбата на животните и се обидела и во светот на глумата.
Медиумите првобитно мислеа дека Роналдо на јахтата се забавувал со Шпанката Ева Фернандез Онтанајо.