Ова е најфотографираната плажа на светот

popara5 јули, 20162min00
11
Многу туристи по доаѓањето на сејшелскиот остров Ла Диг директно се упатуваат на плажата Ан Сурс Даржон, а лесно е да се каже зошто – станува збор за најфотографираната плажа на светот.

Замислете ја следната сцена – светкав бел ситен песок, големи камени карпи кои природата со тек на време ги извајала во величенствени скулптури и смарагдно зелена вода…


Секако, овој дијамант не е совршен. На моменти е исклучително преплавен со туристи, особено во периодот на плима кога поголемиот дел од плажата привремено исчезнува, а бидејќи водата е исклучително плитка и некаде богата со алги, местото не е погодно за пливање.

Меѓутоа, ако некогаш одлучите да го посетите овој рајски остров, погрижете се таму да поминете повеќе од еден ден. Лесно е да се пронајде дрво под чија сенка можете да уживате, имајќи впечаток како да се наоѓате на крајот од светот и дека ова парче рај го имате само за себе.
 


Најдобрите фотографии настануваат во доцните попладневни часови, кога боите на плажата и морето се најинтензивни. Плажата е свртена кон запад, така што можете да ги набљудувате прекрасните зајдисонца.
 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag