Италијански дизајнер смислил радикален концепт со кој би можел да постави нови стандарди кога се работи за луксузни јахти.
Јахтата Shaddai на сопственикот и неговите гости би им донела неверојатен поглед од кабината која се наоѓа на речиси 40 метри висина, но тоа не е се`. Базен, бар и трпезарија се предвидени за повисокиот дел кој е совршен за гледање на заоѓањето на сонцето.
– Од тоа место сопственикот може да почувствува моќ, опкружен со бескрајно море и небо, рекол дизајнерот Gabriele Teruzzi.
Предвидено е на јахтата да се наоѓаат најлускузни работи, вклучувајќи материјали и ткаенини од најдобрите италијански модни куќи.