Првите примероци на руската лимузина „Кортеж“, наменети за превоз на шефови на држави, ќе бидат испорачани кон крајот на наредната или почетокот на 2018 година.
Ова го изјави Денис Мантуров, руски министер за индустрија и трговија, додавајќи дека проектот „Кортеж“ вклучува создавање цело семејство возила за специјални намени – минибуси, лимузини, СУВ.
За новите претседателски автомобили руската јавност дозна пред четрири години. Конструкторите замислиле автомобил со мотор од 800 коњи.
Во развојот на силниот мотор учествува и „Порше“. За финансирање на проектот, од буџетот на Русија издвоени се 3,7 милијарди рубљи (околу 47 милииони евра).