Причината поради која Aмериканската актерка Анџелина Џоли се раздели од Бред Пит наводно е тоа што разводобарателката претендира на висока позиција во ОН. Се шпекулира дека станува збор за функцијата генерален секретар на ОН.
Џоли наводно веќе добила поддршка за кандитатурата од две угледни британски жени, од кои едната е членка на Домот на лордовите. Како една од главните препораки за Џоли би било тоа што таа веќе е амбасадор на добра волја при ОН за бегалци, наведува таблоидот.
Амбициите на Џоли за таквата кариера, наводно, биле и главна причина за разидувањето со нејзиниот доскорешен партнер Бред Пит.
Според TZM, Џоли за таа цел има намера да се пресели со децата во Лондон, иако засега претставниците на Џоли за односи со јавноста категорично ги отфрлаат таквите наводи.
Пречка за таков чекор, пред се, е барањето на Бред Пит за заедничко старателство над децата, посебно откако FBI го ослободи актерот од секаква вина за насилство врз нивниот посинок Медокс.