
Како британските пластични хирурзи би имале колку што е можно подобар образец за употреба во реконструктивната хирургија којашто ја применуваат над пациенти заболени од карцином на дојката, коишто се подвргнале на мастектомија, било спроведено и истражување, сè со цел да се добие визија за совршениот облик на женските гради.
Во истражувањето, чиишто резултати се објавени и во научниот магазин “Пластична и реконструктивна хирургија”, испитани биле повеќе од 1.300 мажи, жени и хирурзи, коишто морале да прегледаат повеќе фотографии, а на крајот и да ги одредат совршените пропорции на женските гради.

На крајот, сите три групи го избрале токму природниот облик, налик на оној на античката грчка скулптура на Милоска Венера или “Афродита од Милос” — античка статуа и едно од најпознатите дела од скулптурата од стара Грција, која е денес еден од најпознатите експонати во Лувр во Париз.

Значи, иако можеби помисливте дека ќе победат бујните вештачки деколтеа, овојпат сепак победуваат природните гради, со какви што секако не може да се пофалат голем број на актерки и старлети!
