Ова се најдобрите скијачки ресорти во Европа

popara30 декември, 20161min00
12

Зимата не е комплетна ако нема снег, па затоа одењето во некој скијачки ресорт и уживањето на скијачките патеки секогаш звучи како добра идеја. Во прилог следат неколку предлози каде би требало да се упатите

1) Сент Мориц, Швајцарија

Најстарото одморалиште за зимските празници во светот е максимално елегантно и ексклузивно. Тука сонцето сјае во просек 322 дена годишно, а сувиот воздух ја создава таканаречената „шампањска клима“. Ова место е исполнето со хотели и ресторани од светска класа, како и со услови за зимски спортови, така што сосема ја заслужува елитната репутација која што ја има.

За престој се препорачува легендарниот Badrutt’s Palace Hotel кој постои од 1896-та.

2) Лех и Зурс во регионот Арлберг, Австрија

Ревитализираните земјоделски села Лех и Зурс се најмодерните ресорти во цела Австрија, а скорешната експанзија на Лех вклучува нов пат за патување со гондола до Варт, каде што се наоѓаат најснежните падини на Алпите.

Двете села изобилуваат со луксузни хотели со 5 ѕвезди, од кои Hotel Alrberg Lech дефинитивно нема да е погрешен избор.

3) Val d’Isère (Вал д’Исер) Франција

Многумина го сметаат мега-ресортот Val d’Isère за пренатрупан и прескап, меѓутоа тој претставува вистински рај за искусните скијачи – реонот е дом на возбудливи снежни падини со висок квалитет, кои се поврзани и разнолики. Ресортот е познат по добрата храна и квалитетниот ноќен живот, што престојот таму го прави вистинско уживање во секоја смисла на зборот.

На оние кои прв пат го посетуваат ова место се препорачува да престојуваат во централниот реон, блиску до „акцијата“, додека оние кои сакаат нешто помирно би требало да го изберат Hôtel Le Brussel’s, кој има базен, бања и тераса за сончање.

4) Кицбухел, Австрија

На два часа пат од Минхен, најпопуларниот зимски ресорт во Австрија изобилува со благороднички хотели и живописни скијачки патеки, вклучувајќи и 8 познати ски училишта.

За престој, се препорачува Hotel Schloss Lebenberg, средновековен замок со декор во Готски стил кој се наоѓа над селото и каде што има врвна услуга и одличен ресторан.

5) Кормајер, Италија

Овој ресорт се наоѓа под Мон Блан, највисоката планина во Западна Европа и е локација каде што се собираат елитните скијачи и модерните туристи.

Изобилува со луксузни хотели, бунгалови, но и пространи апартмани за изнајмување.

Grand Hotel Royal e Golf е најдобриот хотел во регионот повеќе од 200 години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag